Макрон му одговори на Трамп: Некои луѓе имаат чудни идеи, ова е француска територија
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна на Свети Пјер и Микелон, мал француски архипелаг во близина на канадскиот брег, каде денеска ќе го пречека канадскиот премиер Марк Карни. Посетата доаѓа во време на заострени односи меѓу Канада и американскиот претседател Доналд Трамп, кој на почетокот на месецот објави карта на која цела Северна Америка,






