Скопската маалска екипа која стана сериозен клуб вечерва се бори за АБА лига
Симпатичниот ТФТ со харизматичниот тренер Боро Смилевски од скопската населба Тафталиџе, прерасна во сериозен клуб кој се бори за трофеи во домашното првенство и Куп од година во година. ТФТ Скопје сензационално се пласираше и во големото финале на АБА 2, Јадранската лига каде вечерва ќе игра против Широки Бријег од 20:30 часот на гостински терен.





