Претседателката на Венецуела најави амнестија на политичките затвореници и затворање на најзлогласниот затвор
Вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригес, објави предлог-закон за општа амнестија кој би можел да доведе до ослободување на стотици политички затвореници. Оваа одлука е дел од серијата отстапки на новите власти во Каракас по апсењето на досегашниот претседател Николас Мадуро од страна на американските сили на почетокот на јануари



