Маж од Штип обвинет за пожар што зафати куќи и шума
СВР Штип поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.Е. од Штип за кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 24 септември 2025 во селото Љуботен, пријавениот запалил оган во дворот од својата куќа и си заминал без да го изгаси. Подоцна огнот повторно се разгорел и зафатил две подрумски соби од неговата куќа, делови од две соседни куќи, гаража,










