„Охридско лето“ со музичка вечер во Скопје: Полските виртуози Мариуш Патира и Радослав Курек ја воодушевија публиката
Виолината на Мариуш Патира и пијаното на Радослав Курек ја исполнија Камерната сала на Македонската филхармонија, каде што полските уметници одржаа концерт во организација на Националната установа „Охридско лето“. Публиката нивниот настап го награди со долги и громогласни аплаузи. Со оваа концертна вечер, „Охридско лето“ ја продолжи програмата и надвор









