Сум работел на 39 албуми, па знам дека не треба да се потценувам себеси, кажа Влатко Стефановски на промоцијата на новите два албума
Влатко Стефановски донесе акустична гитара, ја отпеа „Чукни во дрво“ и доби силен аплауз на скопската промоција на два нови албума, што се одржа во хотелот „Холидеј ин“ пред бројни гости. Стефановски нагласи дека албумот „Мускулна меморија“ ( Muscle Memory ), што излезе набргу по „Гитарата пее“ ( Guitar Sings ), е 39. на кој се појавува како автор









