Дигиталната технологија во нашите животи – тема на романот „Мрежи“ од Елој Морено во издание на „Антолог“
Во рамките на проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“, „Антолог“ го објави македонскиот превод на книгата „Мрежи“ од Елој Морено. Преводот е на Виолета Јагев. „Мрежи“ е повик за размислување за улогата на дигиталната технологија во нашиот живот и покана за повторно поврзување со тоа што е навистина важно: личните односи, емпатијата, реалноста



