Екипите и денес на терен - се чистат зелените површини на поширокото централно подрачје на Скопје
Оперативните служби на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ од сите реони во Скопје и денеска на терен. Како што информираа од претпријатието преку социјалните мрежи, се спроведуваат акции за чистење на зелените површини, опфаќајќи го кејот, плоштад Македонија и поширокото централно подрачје. Во прилог тие споделија и фотографии од терен.

