Во Кинотека на Македонија ќе биде промовирана публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“
На 27 февруари 2026 година, со почеток во 19 часот, во просториите на Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи промоцијата на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“. Од Кинотеката информираат дека станува збор за ексклузивен настан со кој се одбележуваат седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во земјава










