Во потрага по убавото, изложба посветена на мојата генерација од гимназија Јосип Броз - Тито 1971
Опусот на Елизабета Костова побудува кротка и милозвучна катарза која не поведува кревко како сонлива доживелица на една лелејава променада, во еден тивок свет на дисперзирани мигови, на сетилното и вонсетилното, едновремено. Полека и ненаметливо, како да провева времето одминато низ лавиринтите на мигот сегашен, преточен во сфуматото на зајдисонцето

