10 претстави во главната селекција на фестивалот „Војдан Чернодрински“, наградите за животно дело за Клинче, Миленковски, Чадиковски и Ќерими
Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе има на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни. Уметничката директорка на фестивалот и селекторка на програмата Ана Стојаноска на денешната прес-конференција кажа дека годинава мотото е „Храбриот нов театар“,










