„Мода без граници“: Во Скопје ќе се разговара за стереотипите за убавина и влијанието на социјалните мрежи
Во Музејот на современата уметност во Скопје, на 1 ноември, ќе се одржи настанот „Мода без граници: Стереотипи и социјални мрежи“, во рамките на второто издание на SIEC Fashion Hub – U-Design. Настанот е дел од четиригодишната соработка на SIEC Macedonia со Модниот викенд и има цел да поттикне дискусија за стандардите за убавина, самодовербата, различностите



