Дел од Центар во вторник ќе остане без вода
Дел од жителите на скопската населба Крњево во вторник, 13 октомври, ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата Дана Стуцки бр. 18. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати корисниците на улицата Хусеин Бајрам и улиците со броеви од 163 до 172 во населбата Крњево

