ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче се кријат зад „проевропска“ реторика, а водат политика на отстапки
Од ВМРО-ДПМНЕ упатија остри обвинувања кон СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, тврдејќи дека зад реториката за „европски вредности“ се крие политика на, како што велат, непринципиелни отстапки и отсуство на јасни државни позиции. Во реакцијата на партијата се наведува дека европската агенда, според нивното толкување, се користи како политичко оправдување







