Тешко повредена 62-годишна скопјанка, во неа удрил мотоциклист на крстосница
Шеесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил мотоциклист на крстосница во Скопје. Несреќата се случила вчера, 15 октомври, околу 9:10 часот, на крстосницата на улиците „Кирил и Методиј“ и „Народен фронт“. Триесет и шестгодишниот С.С. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, удрил во пешачката Л.В. (62), исто










