Машиновозач загина во втората железничка несреќа во Шпанија во два дена
Едно лице загина, а 37 се повредени во втората железничка несреќа во Шпанија во последните неколку дена. До несреќата дошло кога патнички воз удрил во потпорен ѕид кој паднал на пругата близу Барселона, по што излетал од шините. Противпожарните служби на Каталонија кажаа дека сите патници се извлечени од возот, а во несреќата загинал машиновозачот










