Боемски дух, голем оркестар и четири часа музика: „Македонска кафеанска вечер“ со четири големи ѕвезди
Во време кога големите музички спектакли најчесто се резервирани за странски имиња, четири од најпрепознатливите македонски изведувачи решија да испишат ново поглавје на домашната музичка сцена. Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски го најавија проектот „Македонска кафеанска вечер“ , настан кој има амбиција да прерасне








