Голем пожар кај оранжериите во Прилеп – сите противпожарни возила на терен (ФОТО/ВИДЕО)
Голем пожар претпладнево избувна кај оранжериите во Прилеп. Повеќе противпожарни возила се упатија на терен. Над градот се издигаат густи облаци со чад, а пепел лета дури до центарот на градот. Засега нема информации што гори и дали се загрозени станбени објекти. Повеќе информации во текот на денот.