Ферари и Мерцедес му го честитаа 57-миот роденден на Михаел Шумахер.
Тимовите на Ферари и Мерцедес му упатија честитки на својот поранешен возач, седумкратниот светски шампион, Михаел Шумахер, по повод неговиот 57-ми роденден. „Среќен роденден, Михаел. Вистинска икона на Формула 1 и значаен дел од нашата историја,“ беше истакнато од Мерцедес на социјалните мрежи. „Денот кога се роди легенда,“ беше објавено од Ферари
Михаел Шумахер полни 57 години, роденденски честитки од Формула 1, Ферари, Мерцедес
Денеска легендарниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер, полни 57 години . Седумкратниот шампион во Формула 1 засекогаш го врежа своето име во историјата на мотоспортот. Шумахер ги освои своите први две титули со Бенетон (1994 и 1995 година), а потоа стана симбол на ерата на доминација на Ферари во раните 2000-ти. Со Скудерија, Шуми освои пет



