Милано-Кортина ден 6: Италија блеска дома, скандалот со украинската шлемка ја потресе Олимпијадата
Федерика Брињоне, 35-годишна Италијанка, го направи невозможното. Од болничка соба со скршена нога и скинати лигаменти стигна до олимписко злато во супер-Џи на „својата“ Кортина. Трката ја доби со 1:23.41 на една од најтешките патеки, во услови во кои 17 скијачки не ја завршија трката. Со тоа стана највозрасната олимписка шампионка во алпско скијање


