„Дијалог на форми“: Средба меѓу сликарството и скулптурата во галерија ОСТЕН
Изложбата „Дијалог на форми“ претставува уметничка средба помеѓу две различни, но комплементарни практики – сликарските дела на Мице Јанкуловски и скулптурите на Блаже Крстаноски Блажески. Концептот се темели на идејата дека формите не се само визуелни елементи, туку и носители на „разговор“ што се одвива без зборови, преку боја, волумен и простор


