Заострена монетарна политика: Повисоки банкарски камати – забавен економски раст
Инфлацијата не се смирува доволно и постои ризик да остане висока до крајот на годината. Затоа, зголемувањето на основната каматна стапка е очекувано и логично, вели професорот по економија Ванчо Узунов. Според него, одлуката на Народната банка е показател дека ценовните притисоци и натаму се присутни и дека економските состојби не се толку стабилни










