Двајца жители на Лојане претепале и ограбиле мигрант од Египет
23-годишен мигрант од Египет останал без пари и телефон, а бил и натепан од двајца жители на кумановското село Лојане, кои се уапсени, соопшти МВР. „На 25.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско. Тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет


