Неказнивоста доби лик и име
1 Љупчо Палевски Палчо, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, не е од вчера. Тој има завидна кариера како растел во криминалот – од првата дивоградба во скопско Дебар Маало од пред дваесет и кусур години, до двојното убиство. За него полицијата досега има поднесено повеќе од десетина