Катастрофа на новогодишното шоу во Будва: 600 дронови паднаа неконтролирано
На полноќ во Будва, новогодишното шоу со дронови заврши со неславен фијаско. Околу 600 дронови се урнаа во морето и на платото пред Капетанија, но, според потврдените информации, нема повредени лица. Будванската полиција информира дека веднаш по инцидентот спровела истрага и го известила обвинителството во Котор. Претставата била нарушена поради технички



