„СДС и Филипче слават изборна победа во друга држава каде сестринската партија им освојува само 1% од гласовите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Пет дена СДС и Венко Филипче слават и се радуваат на победата на Маѓар во Унгарија. Гледајќи ја еуфоријата која владее на Бихаќка, човек би помислил дека СДС победиле и Филипче само што не станал премиер. До тоа дереџе стигнале СДС и Филипче, наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта во Македонија, тие се занимаваат со избори во









