„Македонски сновиденија“ во Охрид: фолклорот и џезот се среќаваат на Долни Сарај
Македонскиот фолклор ќе добие современ џез-звук на сцената на Долни Сарај, каде Националниот џез оркестар в петок ќе го изведе концертот „Македонски сновиденија“, во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Концертот е закажан за 14 август од 21 часот, а со оркестарот ќе диригира Владимир Николов. Проектот „Македонски сновиденија“ е замислен










