Познатиот борач, Шабан Сејдиу, почесен граѓанин на Општина Бутел
Општина Бутел го прогласи олимпискиот медалист Шабан Сејдиу за почесен граѓанин на Општината, поради што му беше доделена плакета. На Летните олимписки игри во Москва во 1980 година и во Лос Анџелес во 1984 година, тој освои два бронзени медали во слободен стил борење, факт што го запиша во историјата како еден од најдобрите спортисти во Македонија

