Синот и снаата го истепале 71-годишниот татко во Неготино
Во Неготино, брачен пар беше приведен поради физичко насилство врз 71-годишниот татко на сопругот, кој бил нападнат во семејниот дом. По пријавата, полицијата го лишила парот од слобода. По завршување на истражните дејствија, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР – Велес.




