Денес нашата музичка икона, композитор и продуцент Александар Митевски, слави својот роденден.
Александар Митевски, роден на 27 јануари 1978 година во Скопје, е познат македонски пејач, композитор и продуцент. Тој првпат се појавува на македонската музичка сцена како тинејџер во 1993 година, кога учествува со рап бендот “Океј Бенд” на “Рап енд Рол фестивал”, организиран од ревијата “Екран”. Во 1995 година започнува своја соло кариера со баладата


