Шлепер излета од пат од струмичко
Шлепер излетал доцна синоќа од коловозот на патот меѓу селата Владевци и Радичево, струмичко, по што сообраќајот беше целосно во прекин. На местото интервенирале надлежните служби. АМСМ повикуваат на внимателно возење со оглед дека коловозите се влажни.





