Челзи од Лидс доби час по фудбал
Лидс одигра спектакуларен натпревар, на „Стемфорд Бриџ“, го декласира Челзи со 4:1. Лидс успеа да слави над „сините“ во Лондон, за прв пат по 1999 година. Со овој триумф, Лидс се искачи на шестото место со 17 поени, еден повеќе од Челзи на осмата позиција. Гостите издоминираа од првата до последната минута и покрај тоа што Челзи дојде до предност.





