Томовски блеска на голот, лидер е на Бундеслигата по број на одбрани во првите две кола
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски кој брани за Битигхајм, има дури 27 одбранети шутеви по првите две кола во германската Бундеслига, и предводник е на листата на голмани со најмногу одбрани во најсилната ракометна лига на светот. Во првото коло Мартин имаше 15 одбрани, а вечерва против силниот Кил имаше 12 во поразот на неговиот тим


