ГКК Штип се засили со американскиот бек Синсир Паркер
ГКК Штип за продолжението од сезоната промовираше ново засилување, станува збор за американскиот бек Синсир Паркер. Како што истакнаа од ГКК Штип, се работи за американски бек кој минатата сезона беше втор стрелец на Мемфис со просек од 11,9 поени. ГКК Штип кој го предводи Марјан Србиновски по осум одиграни кола има ефект од три победи и пет порази


