Не ги знаеше правилата, па испадна: Австриец прерано почна со славје и доживеа неверојатна елиминација
Австрискиот тенисер Себастијан Офнер ја доживеа една од најневеројатните елиминации на Отвореното првенство на Австралија откако започна прерано да се радува дека победил, но проблемот беше неговото непознавање на правилата. Резултатот во сетови беше 1-1, во третиот сет на семафорот стоеше 6-6, па се играше тај-брејк, во кој Австриецот имаше водство


