Владата ја турка државата во финансиска бездна со нови задолжувања, рече Кузеска од СДСМ
СДСМ обвини дека Владата за првите три месеци од годинава ја задолжила државата за нови 700 милиони евра, оценувајќи дека земјата се турка во „финансиска бездна“. На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека за две години јавниот долг е зголемен за 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра.









