Новиот „Камп Ноу“ отворен со покер голови во мрежата на Атлетик Билбао
По 909 дена поминати на алтернативни локации во градот, оваа сабота попладне играчите на Барселона се вратија на новиот, иако недовршен „Камп Ноу“. Новата ера беше обележана со натпреварот против стариот ривал Атлетик Билбао, а Роберт Левандовски ќе биде запишан како стрелец на првиот гол на стадионот што ќе чини над една и пол милијарда евра. Се играше







