„Гитарата пее“ и „Мускулна меморија“ – нови албуми на Влатко Стефановски
Македонската гитарска легенда Влатко Стефановски ги најави своите два албума „Гитарата пее“ (Guitar Sings) и „Мускулна мeморија“ (Muscle Memory), вчера на настан во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Изданијата се на „Кроација рекордс“ од Загреб, чиј долгогодишен ексклузивец е. Оттаму истакнаа дека им е посебна чест што соработуваат на значајни изданија










