Драма кај манастирот „Св. Илија“: Струмичките пожарникари спасија мајка и дете паднати во провалија
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, дојавата за несреќата била примена околу 5:15 часот, по што веднаш на терен бил испратен тим од пожарникари-спасители. Со употреба








