Копенхаген со играч помалку го сопре Наполи, Бодо Глимт до сензација против Сити
Изненадувачки резултати во 7. коло од ЛШ. Спортинг го доби ПСЖ со гол во 90-та минута. Баер Леверкузен загуби од Олимпијакос, Тотенхем ја доби Борусија, а Бодо Глимт слави прва победа и тоа со три парчиња против Манчестер Сити. Елмас одигра 80 минути во Данска, а дербито на вечерта во Милано му припадна на Арсенал, кој е перфектен со 7 од 7.








