Започнаа вонредни контроли на производителите на медицински канабис, под проверка 43 лиценци
Министерот за здравство Азир Алиу денеска соопшти дека почнаа контролите на сите фирми за производство на медицински канабис. Како што рече на прес-конференција, ќе мора да се проверуваат 43 лиценци. Донесена е, потсети Алиу, и владина одлука за именување членови на меѓуресорската комисија. – Од денеска почнуваат вонредните контроли заедно со МВР.







