Дефект остави без вода неколку скопски улици
Од скопски Водовод известуваат дека денеска неколку скопски улици ќе останат без вода. Поради уличен дефект од ф 2“ на ул.Ферид Заири бр.16, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул.Дижонска, ул.Халим Халимиќ и ул.Ферид Заири. Водоснабдувањето е прекинато од 12:50 часот, а прекинот ќе трае до завршување на работните активности.










