Под египетскиот песок откриен свет стар 70 милиони години: Пет видови ајкули некогаш ловеле во ова древно море
Под жешкиот песок на египетската Западна Пустина се крие приказна која денешниот пејзаж речиси невозможно ја открива – пред повеќе од 70 милиони години, на просторот каде што денес доминира сушата, се протегало топло тропско море исполнето со риби, безрбетници, морски влекачи и бројни предатори. Научниците сега добија уште еден впечатлив доказ за тој




