Жена тешко повредена при влегување во лифт во зградата на МРТВ
Вчера во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор.