„Глумците пеат“ на 24 и 25 март во МНТ
„Глумците пеат“ на 24 и 25 март ќе го одбележат Светскиот ден на театарот во Македонскиот народен театар. Двете вечери шоуто ќе започне во 20 часот. Годинава истото е посветено на македонската музика од различни периоди – песни што публиката ги знае, но ќе ги слушне во нова актерска интерпретација. Покрај соло изведби, на сцената ќе има и повеќе дуети









