Кога гласните жици ќе се вкочанат, го губиме гласот - како се лекува оваа состојба и дали треба да посетиме лекар
Ларингитис е воспаление на мукозната мембрана на гркланот кое се манифестира со засипнатост. Гласот е слаб, а понекогаш не можеме да зборуваме поради воспалението. Во повеќето случаи ларингитисот е привремен и се подобрува со одмор и домашна нега. Кога симптомите траат подолго од неколку недели или се придружени со болка или тешкотии при дишење, важно

