Градоначалникот на Битола, Коњановски, во работна посета на граѓанските енергетски заедници во Хрватска
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со негови колеги и претставници од други Општини е во студиска посета на Република Хрватска со цел запознавање, односно стекнување искуства од граѓанските енергетски заедници во оваа земја. Делегацијата од Македонија ја посети Зелената енергетска Задруга во Загреб каде што беше информирана за енергетските задруги,







