Љутков: Македонија има потенцијал да биде уникатна туристичка дестинација
Нашето културно наследство не е само трага од минатото, туку жива меморија што продолжува да пулсира во сегашноста. Археолошките слоеви, духовната традиција, занаетчиското знаење и современата уметничка енергија го создаваат единствениот симболички капитал на Македонија, вредност што не може да се реплицира или увезе, вели министерот за култура и туризам







