Продира длабоко во човечката психа и ги решава најтешките етички дилеми во своите крими романи: Анде Јанков „Моќта е кај оној што бара прошка“
Анде Јанков е еден од оние современи македонски писатели кои доследно и трпеливо го градат својот книжевен свет, без брзање и без компромис со сопствените вредности. Како автор на прозни дела што припаѓаат на трилер и крими жанрот, тој успева да создаде веродостојни приказни цврсто вкотвени во македонскиот контекст, а истовремено да отвори универзални

