Во Скопје денеска ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени
Во Скопје денеска ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени. Натпреварот го организира Здружението на бармени на Македонија и ќе започне во 11:00 часот со квалификации. Полуфиналето е од 14:00 часот, а финалето од 18:00 часот. Победникот ќе ја претставува државава на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во октомври во Макао.




